Оваа политика на приватност ги опфаќа сите корисници односно сите физички и правни лица. МК Нет ДООЕл се обврзува кон почитување на приватноста на нашите корисници.За секоја промена на политиката на приватност МК Нет ДООЕл ќе ги информира своитекорисници преку е-маил и преку нашата веб страна.
Ние ги собираме, обработуваме и чуваме Вашите лични податоци во согласност со прописите зазаштита на личните податоци. Информаците со собираат при посета на нашата веб страната икористење на услугите и сервисите кои се достапни на истата.Ние го собираме минимумот на потребни информации со цел да ја обезбедиме услугата која Ви е потребна. Со користење на нашите услуги Вие доброволно се согласувате да ги користиме Вашите лични податоци.
Собраните информации МК Нет ДООЕл ги користи едниствено за наши цели односно Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Податоците нема да се предадат на трета страна. МК Нет ДООЕл ќе гиостапи податоците само доколку постои правна оснoва за тоа односно правно побарување за нив. МК Нет ДООЕл редовно ги ажурира вашите податоци т.е податоците за услуги кои не се продолжуваат ќе бидат трајно избиришани од нашиот систем.
Вашиот интернет пребарувач има дел во кој се складираат мали фајлови односно „Cookies“. Cookies се мали фајлови кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на вебсерверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на Cookies можат да бидатискористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема дабиде загрозена.
Доколку имате какви било прашања и предлози за заштита на личните податоци илидоколку сакате вашите податоци да бидат корегирани, можете да нè контактирате на е-маил info@mknet.mk. Притоа, вашата е-маил нема да биде искористена за друга намена.
Цел на политиката
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја користите веб страната: www.gohost.mk. Ги собира само оние лични податоци кои се неопходни МК Нет ДООЕл, да ги оствари законските задачи и овластувања.
Оваа политика дава општи информации и за начинот на одговор на МК Нет ДООЕл Скопје, на било какво нарушување на безбедноста на личните податоци, како и други права на субјектите на личните податоци кои им се гарантираат согласно Законот за заштита на личните податоци.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е МК Медиа Груп Скопје, со седиште на ул. Македонија бр.57.
МК Медиа Груп, личните податоци ги обработува во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци се собираат
При посета на веб страната, МК Нет ДООЕл, собира податоци поврзани со посетителите на истата.
Категории на податоци кои се обработуваат
При посетата на веб страната серверот, за секој посетител креира логови со следниве податоци:
Како се собираат личните податоци
Сите категории на лични податоци се собираат при посета на веб страната gohost.mk.
Начела за заштита на личните податоци
Сите лични податоци кои се обработуваат од МК Нет ДООЕл Скопје, се:
На субјектите на личните податоци, им се обезбедените следните права:
Категориите на корисници на лични податоци
МК Нет ДООЕл Скопје, нема да споделува податоци за посетителите на веб страната www.mknet.mk, со трети лицa, освен со надворешниот соработник кој раководи со веб страната и офицерот за заштита на лични податоци, доколку се јави за потребно.
Време на чување на собраните податоци
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
За дополнителни информации и/или остварување на правата за заштита на лични податоци, може да биде контактиран офицерот за заштита на лични податоци Горан Котевски, од Скопје, на следната е-маил адреса: goran@makhost.net.
Постапување во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци
Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, МК Нет ДООЕл, веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за истото ќе ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци, за нарушувањето на безбедноста на личните податоци.
Право на поднесување на барање до Агенција за заштита на лични податоци (АЗЛП)
Доколку субјектот на лични податоци смета дека начинот на кој МК Нет ДООЕл, ги обработува неговите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, по кое Агенцијата за заштита на лични податоци, ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе преку веб страната на Агенцијата за заштита на лични податоци или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ на веб страната: dzlp.mk.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на МК Нет ДООЕл Скопје.
Copyright © 2025 MKNET. All Rights Reserved.
We Accept: